
Владата на последната седница, на предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, еднострано ја раскина концесијата за рудникот за експлоатација на јаглен на локалитетот „Пискупштина“ во Струга.
Истовремено, констатиран е престанок на важењето на уште четири концесии кои се истечени, а одлуките следат по сериозни пропусти на концесионерите во исполнувањето на законските обврски.
Во случајот „Пискупштина“, инспекцискиот надзор утврди дека концесионерот вршел експлоатација надвор од дозволеното поле, што претставува директно прекршување на договорот и законот. Жалбите од жителите на селото Пискупштина доведоа до детален инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за енергетика и рударство, кој ја потврди неправилноста.
Редакцијата на powerinfo.mk во повеќе наврати со свои стории реагираше.
За редакцијата на powerinfo.mk месното население сведочи дека вистинска мака мачат цело население со концесионерот, изложени се на секојдневни опасности за што имаат поднесено и претставка до министерството кое е задолжено за давање на концесија на рудникот. Собрана е петиција за одземање на концесија на рудникот.
Целата сторија: