
Градоначалникот на Охрид и кандидат за втор мандат на претстојните локални избори, Кирил Пецаков, денеска потпиша меморандум за поддршка со Турската демократска партија.
„Задоволство ми е што го потпишавме овој значаен документ. Турската заедница е нераскинлив дел од нашето функционирање и мојата замисла е оваа соработка да ја продолжиме и дополнително да ја надградиме,“ истакна Пецаков.
Тој додаде дека е среќен што граѓаните препознаваат дека намерите на неговиот тим за поубав Охрид се искрени и дека трудот кој се вложува е видлив.
Со оваа нова поддршка, Пецаков најави продолжување на активностите и уште повеќе работа во насока на развојот на општината.
„Охрид не запира повеќе!“, порача актуелниот градоначалник.