HomeАктуелно111 години од потонувањето на бродот Титаник

111 години од потонувањето на бродот Титаник

На денешен ден во 1912 година британскиот патнички пароброд „Титаник“ на своето прво патување преку Атлантикот кон Њујорк, удрил во санта мраз во Северниот Атлантик и потонал следното утро при што загинале 1503 луѓе.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Бродот „Титаник” на британската компанија „Вајт стар Лејн”, бил вториот од три брода близнаци до типот „Олимпик”. Тој бил најголемиот и најлуксузен патнички брод на светот во времето на неговата изградба. Во текот на својата прва пловидба од британскиот пристанишен град Саутемптон до Њујорк, САД, на 14-ти април 1912 година, „Титаник” се судри со санта мраз и потонал за 2 часа и 40 минути во 2.20 часот. Според различни извештаи, во несреќата животите ги загубиле меѓу 1.400 и 1.517 луѓе, а околу 507 биле спасени, од вкупно 2.208 патници и членови на екипажот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.