Во текот на вчерашниот ден во периодот од 07.00 до 12.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 156 возачи. Од нив, 40 на територијата на СВР Тетово, 40 исто така на територија на СВР Охрид, 24 возачи непрописно престигнувале на територијата на СВР Скопје..
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Извор:МВР