На 22.05.2024 во 02.10 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода А.Ј.(20) од Охрид, кој претходно во семејниот дом агресивно се однесувал кон членови на семејството и оштетил дел од покуќнината.
По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
