Вечер ќе пристигне благодатниот оган од Ерусалим
Во вечерните часови денеска, Велика сабота, во нашата држава ќе пристигне благодатниот оган од Ерусалим. Ќе биде преземен од свештени лица на аеродромот „Скопје” и пренесен низ епархиите на Македонската православна црква. -Благодатниот оган секоја година, по благословот Божји, на чудотворен начин слегува во Гробот Христов.
