За многу години! Денес се празнува Светиот свештеномаченик Протериј
Православните христијани денес го одбележуваат празникот посветен на Светиот свештеномаченик Протериј. Овој светител беше презвитер во Александрија во времето кога патријарх во тој град беше еретикот Диоскор, еден од покренувачите на монофизитската ерес, којашто учеше дека во личноста на Исус Христос нема две природи туку една.
