HomeАктуелно248 санкции за сообраќајни прекршоци, дури 60 од нив биле за недавање предност на пешаци.

248 санкции за сообраќајни прекршоци, дури 60 од нив биле за недавање предност на пешаци.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот при што н а територија на град Скопје изречени се вкупно 248 мерки.

Како што соопшти МВР, од нив  60 мерки се за недавање првенство на минување на пешаци, осум санкции за возење без возачка дозвола, 13 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците.

Изречени се и шест санкции за зборување на мобилен телефон, пет мерки за минување на затворен сигнал црвено светло, 72 мерки за непочитување на брзината на движење…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемена безбедност во сообраќајот и посигурни патишта.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.