HomeАктуелно250 сообраќајни прекршоци во Скопје, 149 за брзо возење

250 сообраќајни прекршоци во Скопје, 149 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (09.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 250 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 149 санкции, 15 санкции за возење без возачка дозвола, 13 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, 15 санкции за управување под дејство на алкохол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.