HomeАктуелно26 годишна девојка бегајќи од полиција удрила полициски службеник

26 годишна девојка бегајќи од полиција удрила полициски службеник

На 14.02.2024 на подрачје на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со дрога и полициски службеници од Единицата за недозвoлена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода В.К.(34) од Скопје.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Имено, по преземени мерки и активности и обезбедени докази, било дојдено до сознание дека лицето врши продажба на дрога, а вчера, при преглед во возилото кое го управувал, бил пронајден и одземен хероин.

Во врска со настанот, а со цел обезбедување дополнителни докази, врз основа на судска наредба бил извршени претреси на три локации во Скопје.

При еден од претресите, исто така, на подрачјето на Гази Баба, полициските службеници затекнале две женски лица кои одбиле да се легитимираат. Една од нив со патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки го напуштила местото и притоа со возилото удрила еден од полициските службеници. По преземени мерки било констатирано дека се работи за лицето  А.Ј.(26) од с.Орланци, општина Арачиново, која набргу била пронајдена и лишена од слобода.

По целосно документирање на случајот, во координација со ОЈО ќе бидат поднесени соодветни пријави по чл. 215  и 383 од КЗ.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.