HomeЗдравје26 нови случаи на Ковид -19 последното деноноќие и едно починато лице во Охрид.

26 нови случаи на Ковид -19 последното деноноќие и едно починато лице во Охрид.

Во последните 24 часа се регистрирани нови 308 случаи на КОВИД-19, од направени вкупно 2.643 тестирања, информираше Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Оздравени се 246 пациенти, а починале осум лица.

Од новите случаи, во Скопје се 155, Охрид 26, Битола 21, Струмица 19, Куманово 15, Штип 10, Кавадарци 8, Прилеп и Велес по 7, Тетово 6, Кичево и Богданци по 5, Кочани, Гевгелија и Свети Николе по 4, Неготино и Ресен по 3, Виница 2, Струга, Делчево, Пробиштип и Демир Хисар по 1.
Регистрирани сe 246 оздравени пациенти од Скопје 110, Битола 25, Кавадарци и Прилеп по 17, Куманово и Берово по 11, Кочани 10, Велес 9, Штип 7, Делчево 6, Охрид 5, Гостивар 4, Свети Николе, Радовиш и Кратово по 3, Гевгелија 2, Неготино, Виница и Крушево по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица – 3 починати лица од Скопје (64г, 67г и 86г) и по едно починато лице од Кавадарци (80г), Велес (92г), Штип (68г), Охрид (84г) и Струмица (66г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице со датум на смрт 10.12.2021. Регистрираното починато лице е од Кавадарци (1). Починатото лице е на возраст од 86 години. Лицето е починато во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.502.730 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219.408, бројот на оздравени пациенти е 205.946, на починати е 7.732, а бројот на активни случаи изнесува 5.730.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.