HomeАктуелно352 санкции за сообраќајни прекршоци

352 санкции за сообраќајни прекршоци

Во текот на вчерашниот ден (30.01.2024) во периодот од 10.00 до 16.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава, при што изречени се 352 санкции за сообраќајни прекршоци. При контролата, санкционирани се 29 возачи поради бесправно управување на возилото, 66 возачи не користеле сигурносен појас, а 47 користеле мобилен телефон при возење…

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На вонреден технички преглед биле упатени 22 возила, а кај девет биле констатирани технички неисправности. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.