Министерството за здравство информира дека, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, направени се 3.162 тестирања, а регистрирани се 353 нови случаи на КОВИД-19.
Од новите регистрирани случаи во Скопје се 174, Прилеп – 42, Битола – 27, Кавадарци – 22, Куманово и Велес – по 13, Валандово – 9, Охрид – 8, Кичево, Гевгелија и Неготино – по 6, Тетово – 5, Кочани – 4, Свети Николе и Радовиш – по 3, Штип, Струмица, Крива Паланка и Богданци – по 2, Гостивар, Делчево, Кратово и Македонска Каменица – по 1.
Регистрирани сe 450 оздравени пациенти од кои во Охрид – 20.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица: три починати лица од Скопје (67г, 87г и 91г) и по едно починато лице од Кавадарци (62г), Кочани (69), Куманово (75г), Струмица (78г), Тетово (78г), Велес (80г) и Охрид (80г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Извор:МЗ