Градот Охрид повторно ќе биде домаќин на спортски спектакл, турнир во баскет 3×3 Охрид 2025, кој ќе се одржи од 6 до 8 декември во спортската сала „Билјанини Извори“. Настанот е организиран од ЈП „Билјанини Извори“ и КК „Колибри“ Охрид, со поддршка од Општина Охрид.
Целта на турнирот е да се промовира баскетот како динамичен, модерен и урбан спорт кој ги поврзува генерациите, и да се понуди вистинско уживање за сите љубители на кошарката.
Право на учество имаат сите играчи кои имаат наполнато 18 години и постари. Бројот на пријавени екипи е ограничен на 20 тимови, затоа пријавете се навреме!
Рок за пријавување е од 4 до 15 ноември 2025, или до исполнување на бројот на екипи. Пријавување на екипите ќе е во дирекцијата на ЈП „Билјанини Извори“ (од 10:00 до 14:00 часот) секој работен ден. Котизација за учество на турнирот е 4000 денари која до 1 декември треба да се уплати на жиро сметка на ЈП “Билјанин Извори”.
За повеќе информации поврзани со претстојниот турнир во баскет 3×3 Охрид 2025, сите заинтересирани да се обратат на следниот телефонски број: 078 260 987
Средствата од котизацијата ќе бидат насочени директно во наградниот фонд.
За време на одржување на турнирот предвидено е и организирање на специјален и ревијален програмски дел за најмладите баскеташи:
Специјален дел:
Ревијален дел за најмладите баскеташи:
Очекувајте три дена исполнети со одлична атмосфера, спортски дух и дружење. Охрид повторно ќе биде центар на урбаниот баскет и позитивната енергија!
Ве очекуваме!
