HomeАктуелно4 Мај 1980: Денот кога почина Јосип Броз Тито

4 Мај 1980: Денот кога почина Јосип Броз Тито

4 Мај 1980: Денот кога почина Јосип Броз Тито

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На денешен ден, во 1980 година, почина доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ), Јосип Броз Тито.

Тој беше водач на антифашистичката борба од 1941 до 1945 година и долгогодишен лидер на Комунистичката партија на Југославија. По крајот на Втората светска војна, остана на чело на државата како врховен командант на вооружените сили сè до својата смрт во 1980 година. Тито беше и еден од основачите на Движењето на неврзаните, кое обединуваше земји што не припаѓаа ниту на западниот блок (НАТО), ниту на источниот блок (Варшавскиот договор).

Повеќе од четири децении по неговата смрт, мислењата за неговата улога и дело остануваат поделени. За едни, тој претставува симбол на социјална правда, стабилност и меѓународен углед, додека за други е авторитарен лидер со силна политичка контрола и пресметки со неистомислениците.

Јосип Броз Тито почина на 4 мај 1980 година во Клиничкиот центар во Љубљана. Погребан е во Куќата на цвеќето во Белград, каде што неговиот гроб – без верски или комунистички симболи – досега го посетиле над 20 милиони луѓе.

Во Охрид, Здружението „Титоисти“ и денес го негува споменот за ликот и делото на поранешниот претседател на СФРЈ.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.