HomeАктуелно50 ДЕНАРИ ДОЛГ – 15.000 ДЕНАРИ СМЕТКА! КСОМ алармира: „Граѓаните се жртви на системот“

50 ДЕНАРИ ДОЛГ – 15.000 ДЕНАРИ СМЕТКА! КСОМ алармира: „Граѓаните се жртви на системот“

Случај што ја разбранува јавноста: граѓанин за неплатен паркинг од само 50 денари завршил со обврска од дури 15.000 денари. Од Конфедерација на слободни синдикати на Македонија (КСОМ) велат дека ваквите примери покажуваат колку системот за извршување може да биде тежок товар за обичниот човек.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според претседателот на КСОМ, Марјан Ристевски, јавни претпријатија често ангажираат адвокати, по што следуваат нотарски и извршителски трошоци кои повеќекратно го надминуваат основниот долг.
„За 50 денари долг да се платат 15.000 – дали ова е правично?“, прашуваат од синдикатот.

Од друга страна, Министерство за правда на Република Северна Македонија смета дека системот е функционален и дека предложените измени на Законот за извршување ќе донесат поголема ефикасност и правна прецизност, како и побрза наплата на долговите.

Но, од КСОМ реагираат дека измените не носат суштинска промена, туку само „козметички“ корекции. Според нив, клучниот проблем – високите дополнителни трошоци што произлегуваат од постапката – останува нерешен, а граѓаните и понатаму се изложени на несразмерни финансиски оптоварувања за минимални долгови.

Случајот повторно ја отвори дебатата: дали е потребна вистинска реформа или само се „шминка“ постојниот систем?

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.