Велешката полиција уапси 51-годишен маж кој допирал по тело малолетничка. Инцидентот се случил во близина на градскиот пазар.
На 30.04.2026 во 09:05 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода М.Џ.(51) од Велес, по претходна пријава дека во близина на градскиот пазар во Велес допирал по телото малолетничка. М.Џ. е приведен во полициска станица, информираа од полциијата во дневниот билтен.
Известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
