HomeАктуелноДраматична борба со огнената стихија кај Кавадарци – два Ер трактори и два хеликоптери на терен

Драматична борба со огнената стихија кај Кавадарци – два Ер трактори и два хеликоптери на терен

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информира дека се работи за непристапен терен и затоа гаснењето на пожарот е сериозно отежнато.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Попладенво се разгорел пожарот во близина на Кавадарци, а во негово гаснење учествуваат два Ер трактори, но на помош се повикани и два хеликоптери.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информира дека се работи за непристапен терен и затоа гаснењето на пожарот е сериозно отежнато.

„Попладнево огнот се проширил на тешко пристапен терен во атарот на селото Равец и се разговрува со голема брзина. Поради тоа се употребени и дополнителни два хеликоптера – еден полициски и еден армиски, кои учествуваат во гаснењето на огнот“ информира Ангелов.

Ангелов додава и дека овој пожар тешко дека ќе се стави под контрола во текот на денот, па дури и во текот на ноќта.

Од друга страна, се појавија информации дека пожарот во близина на Кавадрци е намерно подметнат, а полицијата веќе има едно осомничено лице кое е на информативен разговор.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.