По повод одбележувањето на 1110 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски и 1140 години од основањето на Охридската книжевна школа, Општина Охрид организира богата културна, духовна и научна програма која ќе се реализира во периодот од 5 до 9 август на повеќе локации низ градот.
Во рамки на програмата ќе се одржат свечени чествувања, промоции на книги, изложби, концерти, научни собири и други настани посветени на животот, делото и непроминливото значење на Свети Климент Охридски – основоположник на Охридската книжевна школа и еден од најзначајните просветители во словенската историја, информираат од Општина Охрид.
Во продолжение можете да ја погледнете целосната програма со сите настани, термини и локации.
Ве покануваме заедно да им оддадеме почит на Свети Климент Охридски и на богатото духовно, книжевно и културно наследство што го оставил на Охрид, Македонија и словенскиот свет, додаваат организаторите.




