HomeАктуелно68 санкции при акциска контрола во сообраќајот, приведен малолетник, констатирани неправилности во врска со игри на среќa

68 санкции при акциска контрола во сообраќајот, приведен малолетник, констатирани неправилности во врска со игри на среќa

Во текот на вчерашниот ден (05.10.2022), во периодот од 12.00 до 16.00 часот, од страна на сите сектори за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава, како и контроли на лица и спортски обложувалници.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

При контролата, санкционирани се 68 возачи, од кои двајца за вршење јавен превоз без лиценца, по член 284 – а од Кривичниот законик. Притоа, 38 возила на територијата на СВР Велес и СВР Штип се упатени на вонреден технички преглед. При контролите констатиран е еден прекршок по Законот за игри на среќа на територија на СВР Куманово, а кај малолетно лице на територија на СВР Скопје бил пронајден и одземен остар предмет, при што лицето заедно со неговиот родител се приведени во Полициска станица Карпош за понатамошна постапка.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.