HomeАктуелноБран случаи на семејно насилство во државата: Напади врз сопруги и партнерки, повеќе лица приведени

Бран случаи на семејно насилство во државата: Напади врз сопруги и партнерки, повеќе лица приведени

Во изминатото деноноќие регистрирани се неколку случаи на партнерско насилство, со физички напади и закани, а во повеќе случаи полицијата лишила од слобода осомничени лица.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во првиот случај, во 02:05 часот изутринава, во СВР Куманово, 37-годишна жена од Куманово пријави дека била физички нападната од нејзиниот партнер Л.И. по претходна расправија.

Потоа, вчера во 15:00 часот во СВР Скопје, 34-годишна жена пријави дека пред три дена во домот на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот партнер Ф.Д.С.M.(35) од Франција.

Наредниот случај е во Охрид, каде полициски службеници од слобода го лишија О.В.(49) од струмичко село, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата сопруга и ѝ нанел телесни повреди.

Случај на парнерско насилство е пријавен и во Куманово – полициски службеници го лишија од слобода М.И.(56) од кумановско, затоа што агресивно се однесувал и со остар предмет се заканувал на неговата сопруга.

По целосно документирање на случајот, против лицата ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.