Детето исчезнало во областа Алто Маре, а семејството подолго време не може да го пронајде. Последен пат било видено во зелен костим за капење и со пиштол-играчка на вода.
Четиригодишно дете од Македонија исчезнало во областа Алто Маре во Албанија, објави албанскиот медиум ЈОК Албанија. Семејството алармирало во полицијата и апелира до сите што се во близина да помогнат во потрагата.
Според објавените информации, детето го нема подолго време и досега нема трага од него. Случајот бил пријавен во полицијата во Голем, но потрагата сè уште не дала резултат.
Детето во моментот на исчезнувањето носело зелен костим за капење. Во раката имало играчка, пиштол на вода.
Семејството ги повикува луѓето кои се наоѓаат во областа внимателно да проверат во својата околина. Секој што го видел детето или има информација за неговата местоположба е повикан веднаш да ја извести полицијата.
