HomeАктуелноУапсен возач кој возел со 2,13 промили алкохол и без возачка

Уапсен возач кој возел со 2,13 промили алкохол и без возачка

Ноќеска во 00:01 часот на локалниот пат Илинден – Марино, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишиле од слобода Д.В.(41) од Скопје.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

При извршената контрола било констатирано дека тој управувал патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки под дејство на алкохол, при што му биле измерени 2,13 промили алкохол во крвта, а управувал и без да поседува возачка дозвола.

За настанот е известен јавен обвинител, а возилото е одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик.

Засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниот период.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.