HomeАктуелноКолони од возила на граничните премини за влез во државата

Колони од возила на граничните премини за влез во државата

Продолжениот викенд којшто завршува денеска направи дополнителен хаос на граничните премини. Најголема фреквенција на возила има на Богородица, Дојран и Табановце каде се бележат колиметарски колони.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според последно објавените податоци од Авто мото сојузот на Македонија за состојбата на граничните премини од македонска страна, на Табановце за влез во државата се чека два часа, а за излез околу 30 минути.,

На два гранични премини кон Грција – Богородица и Дојран се бележи гужва.

На Богородица за излез од државата се чека околу еден час, а исто толку време се чека и за влез, а на Дојран и за влез и излез од земјава се чека околу 30 минути.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.