HomeАктуелноПецаков: Вербата и љубовта кон Бога да ни даваат сила за да продолжиме да чекориме по патот на соживотот

Пецаков: Вербата и љубовта кон Бога да ни даваат сила за да продолжиме да чекориме по патот на соживотот

Со најискрени желби за добро здравје, мир и благосостојба на сите граѓани од муслиманска вероисповед им го честитам празникот Курбан Бајрам!, вели во честитката по повод празникот градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Овој голем празник ги потврдува универзалните вредности на човекољубието, носи поголема солидарност, не учи да помагаме и простуваме. Посакувам вербата и љубовта кон Бога да ни даваат сила за да продолжиме да чекориме по патот на соживотот, како една од главните придобивки на нашето мултиетничко општество. Само сплотени и со заедничка желба можеме да го направиме Охрид подобро место за живеење.

Нека овие празнични денови Ви поминат во радосна семејна атмосфера, со добра мисла и меѓусебна почит. Нека е за многу години!- стои во честитката од градоначалникот Пецаков.
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.