HomeАктуелноПоради хоризонтално обележување вечерва ќе бидат затворени за сообраќај неколку улици во централното градско подрачје

Поради хоризонтално обележување вечерва ќе бидат затворени за сообраќај неколку улици во централното градско подрачје

Поради хоризонтално обележување вечерва ќе бидат затворени за сообраќај неколку улици во централното градско подрачје информираат од Општина Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во периодот од 18:00 ч. до 05:00 ч.  целосно ќе бидат затворени за сообраќај улиците:

  • Димитар Влахов – потег од раскрсницата на оваа улица со ул. Кузман Јосифоски Питу до раскрсница на ул. Димитар Влахов со ул. Македонски Просветители;
  • Партизанска – потег од раскрсницата на оваа улица со ул. Кузман Јосифоски Питу до раскрсница на ул. Партизанска со ул. Македонски Просветители;
  • Македонски Просветители – потег од раскрсницата на оваа улица со ул. Даме Груев до кружна крстосница со ул. Кеј Македонија.

Во овој период сообраќајот за Стар Град ќе се одвива исклучиво преку Горна Порта. Се молат сите учесници во сообраќајот да ги отстранат паркираните возила на наведениве улици со цел непречено одвивање на активностите, велат во соопштението.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.