HomeАктуелноПриведено уште едно лице кое пукаше со пиштол кај Скендербег

Приведено уште едно лице кое пукаше со пиштол кај Скендербег

На 14.07.2022 од страна на Единица за насилен криминал – Одделение за крвни деликти при СВР Скопје лишен е од слобода Р.А. (29) од Скопје. Тој се сомничи дека на 06.07.2022 околу 19.30 часот на бул. Гоце Делчев во Скопје поточно на плоштад Скендербег, испукал со пиштол.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал извршен е претрес во неговиот дом, пиштолот е одземен, а во координација со Јавен обвинител против Р.А. е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело “предизвикување општа опасност” предвидено и казниво по чл.288 од Кривичниот законик.

Денеска (15.07.2022) лицето е изведено пред Судија на претходна постапка.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.