HomeАктуелноБосна и Херцеговина бара помош од хрватски канадери за гаснење пожари

Босна и Херцеговина бара помош од хрватски канадери за гаснење пожари

Советот на министри на Босна и Херцеговина денеска одлучи да побара помош од Хрватска за гаснење пожари што со денови горат на јужниот дел на земјата.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На итна телефонска седница, Советот на министри донесе одлука за барање меѓународна помош за заштита и спасување на предлог на Министерството за безбедност, со согласност на сите министри, се наведува во соопштението доставено до медиумите.

Од Хрватска е побарана меѓународна помош во форма на испраќање противпожарни авиони – канадери со екипаж, во координација со телата за цивилна заштита во Босна и Херцеговина.

Одлуката е донесена со цел да се помогне на населението во херцеговските општини Читлук, Чапљина, Коњиц, каде гаснењето на големите пожари е отежнато поради непристапниот терен.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.