„Ние ќе учествуваме, кандидат е доктор Мевмед Џафери, членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е почитуван човек, родител, семеен човек итн. Мислам навистина е почитуван човек во средината таму и очекуваме дека ќе победи убедливо“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во локалните избори во Маврово Ростуше.
Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува исто така и на локалните избори во Тетово за Совет.
„Исто така имаме и своја листа и на локалните избори во Тетово за Совет кои што исто така ќе се случат на 20-ти август. А, и очекуваме бројот на советници да го зголемиме според последните мерења на јавното мислење“, појасни Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека се надева дека изборите во Маврово Ростуше ќе успеат бидејќи во тој период многу печалбари се враќаат тогаш.
„Се надеваме дека ќе успееме да ги анимираме тие луѓе да излезат да гласаат и да го дадат својот глас за Мевмед Џафери“, рече Мицкоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
