HomeАктуелноСе ставаат во функција рампите за влез и излез во стариот дел на градот

Се ставаат во функција рампите за влез и излез во стариот дел на градот

Од Општина Охрид ги известуваат жителите и туристите кои престојуваат во Охрид дека од утре, петок, 29-ти јули 2022 година, ќе бидат ставени во функција рампите за влез и излез во стариот дел на градот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
 Моторните возила ќе може непречено да сообраќаат, само доколку поседуваат ревидирана картичка за движење во овој дел од градот од 2021 година.

– Рампите пред „Горна Порта“ и пред „Каменско“ ќе функционираат 24 часа, а рампата пред Капетанија ќе биде во функција од 05:00 до 20:00 часот. Од 20:00 до 05:00 часот, оваа рампа ќе биде затворена за пропуштање на сообраќај, а во истиот период, затворени за сообраќај ќе бидат и улиците „Коста Абраш“ и „Самоилова“. Дотурот на стока во стариот дел на градот, правните лица ќе може да го вршат со издадена картичка, секој ден во периодот од 05:00 до 10:00 часот. Такси возилата кои вршат превоз на патници ќе бидат пропуштани во стариот дел на градот само преку влезот кај „Горна Порта“, информираат од Општина Охрид.

Дополнително, се известуваат сопствениците на сместувачките капацитети кои немаат обезбедено сопствен паркинг, дека своите гости можат да ги насочат за влез исклучиво преку „Горна Порта“, само за да извршат истовар на патници и багаж. За овие возила дозволен е престој во стариот дел на градот во времетраење од 15 минути.

Од охридската локална самоуправа апелираат до сите учесници во сообраќајот да го почитуваат воспоставениот режим на движење во стариот дел на градот со цел да нема непотребен застој.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.