HomeАктуелноПосебен режим на сообраќај во центарот на Скопје

Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје

Дел од улиците во централното подрачје на градот Скопје, на потегот од пред Собранието до пред зградата на Министерството за правда денеска ќе бидат затворени за сообраќај.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

– Посебениот режим на сообраќај ќе се воспостави со почеток 07:30 часот при што за сообраќај ќе бидат затворени дел од улиците „11 Октомври“ и „Димитрија Чуповски, и тоа на потегот од крстосницата со булевар „Кочо Рацин“ до крстосницата со улица „Васил Главинов“, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.