HomeАктуелноВо Тетово Илинден се одбележа со церемонија пред Споменикот на револуцијата

Во Тетово Илинден се одбележа со церемонија пред Споменикот на револуцијата

Со пригодна свеченост пред Споменикот на револуцијата во Тетово денеска се одбележа националниот македонски празник 2 Август – Илинден.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во организација на Сојузот на борци од Тетово пред споменикот  цвеќе положија повеќе делегации од институции, установи, здруженија на граѓани и политички партии.

-Се собравме денес да го одбележиме најголемиот празник во историјата на македонскиот народ Илинден. Вековната желба на македонскиот народ за создавање на своја држава се исполни на  овие два датуми Илинден 1903 и Илинден 1944 година. Со создавањето на Крушевската Република во 1903 победи македонскиот дух и потребата за своја држава. Вториот датум, кога е формирано Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ)  кога е остварено се што напатениот македонски народ мечтаел и сонувал, рече во својот пригоден реферат Стојан Петрушевски, претставник на на општинска организација на Сојузот на Борци од Тетово.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.