HomeАктуелно146 санкционирани возачи на мотоцикли, шест мотоцикли одземени

146 санкционирани возачи на мотоцикли, шест мотоцикли одземени

Денеска (11.08.2022) во периодот од 08.00 до 12.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 146 возачи. Од нив, 99 возачи не користеле заштитна кацига
за време на возење, 21 возеле без возачка дозвола, шест мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.