HomeАктуелноИзвршена комплетна санација на заштитната ограда на мостот во с. Вапила

Извршена комплетна санација на заштитната ограда на мостот во с. Вапила

Мостот во село Вапила доби нови лик. Екипа на ЈП Градски Пазар изврши комплетна санација на заштитната ограда на мостот во с.Вапила, со што е овозможено безбедно и непречено движење на локалните жители, информираат од претпријатието.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Оградата на мостот беше оштетена по сообраќајна несреќа, по што следеше реакција од жителите дека повеќе од месец дена не се санира истата и претставува потенцијална опаснот по безбедноста со оглед дека секојдневно по мостот се движат автомобили.

Од стручните служби од Општина Охрид посочија дека по изготвување на техничко решение ќе се пристапи кон решавање на проблемот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.