HomeАктуелноФОТО: Бугари се пофалија дека го исчистиле споменикот на Гоце во Скопје и му ставиле бугарско знаме

ФОТО: Бугари се пофалија дека го исчистиле споменикот на Гоце во Скопје и му ставиле бугарско знаме

Членови на бугарската фондација „Македонија“ поставиле бугарско знаме на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје, објави фондацијата на социјалните мрежи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Членовите на фондацијата, поставувајќи го бугарското знаме, се пофалија и дека го исчистиле споменикот.

Фондација Македонија повторно го исчисти споменикот на Георги Делчев во Скопје“, пишува во објавата од петокот.

Прв човек на оваа организација е Виктор Стојанов, кој во своето последно видеообраќање на Фејсбук се пофали дека веќе имале повеќе од 100 активисти, а повика и други да се приклучат

Фондацијата е позната во македонската јавност по потези кои беа толкувани и како провокации. Лани во октомври, на пример, таа делеше примероци од книгата „Голема бугарска читанка“ на Кузман Шапкарев во поштенски сандачиња во Скопје.

Тој најави и дека деновиве во Македонија ќе пристигнеле „Луѓе кои ќе ја шират нивната кауза“.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.