Поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков неколку дена пред да започне со издржувањето на тригодишната затворска казна во струшкиот затвор го прослави раѓањето внуката на забава во хотелот Мериот.
На социјалните мрежи објавени со фотографии од забавата којашто ја направиле Мијалкови, а поранешниот директор е сликан со пејачката Тамара Тодевска, која пеела на забавата.
Неговиот постар син, Јордан Мијалков се ожени неодамна со Анастасија и набргу стана татко.
Мијалков требаше да оди во затвор на 8 август на издржување на казната за случајот „Империја“ откако се спогоди со обвинителството.
Но, издржувањето го одложи за на 22 август наводно поради болничко лекување, но вчера присуствувал на забавата.
Извор:Фокус

