HomeАктуелноСрпски медиуми: Ескобар доаѓа во Белград и Приштина за поддршка на дијалогот

Српски медиуми: Ескобар доаѓа во Белград и Приштина за поддршка на дијалогот

Заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, доаѓа во Приштина и во Белград за да го поддржи дијалогот меѓу двете страни, јавија српски медиуми пренесувајќи изјава на портпаролот на Стејт департментот за Танјуг.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак доаѓа со Ескобар во Приштина и во Белград – утре ќе пристигнат во Приштина, а в четврток   во Белград.

Посетата е по неуспешната рунда дијалог меѓу Белград и Приштина на највисоко ниво, кога српскиот претседател Александар Вучиќ и претставникот на Приштина Аљбин Курти се сретнаа во Брисел.

Ескобар и Лајчак на почетокот на февруари годинава последен пат заедно ги посетија Приштина и Белград.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.