HomeАктуелно176 санкционирани возачи во Скопје, 42 за брзо возење

176 санкционирани возачи во Скопје, 42 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 176 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за возење под дејство на алкохол.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, осум мерки за нерегистрирани возила, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за недавање првенство на минување на пешаци, пет санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.