Вчера околу 13.00 часот на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило “фиат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Л.(26) од Прилеп, патничко моторно возило “голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Г.Ш.(58) од с.Лажани-прилепско, патничко моторно возило “пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Д.(21) од Прилеп и патничко моторно возило “форд“, управувано од Е.И.(27) од с.Дебреште.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Е.И., констатирани во Градската болница во Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.
