HomeАктуелноГрција ѝ го честита Денот на независноста на Северна Македонија

Грција ѝ го честита Денот на независноста на Северна Македонија

– Честитка по повод Денот на независноста на Северна Македонија, упати Министерството за надворешни работи на Грција преку официјалниот „Твитер“ профил, изразувајќи „најдобри желби до народот и Владата“, јави дописничката на МИА од Атина.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

-Грција им честита и ги изразува своите најдобри желби до народот и Владата на Северна Македонија бидејќи денеска го слават нивниот Ден на независноста!, напишаа од грчкото МНР.

Паралелно, заедно со твитот, објавија и фотографија со македонското знаме и пораката: „Честит Ден на Независноста, Северна Македонија!“.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.