HomeАктуелноФрлил торба со марихуана во Вардар па продолжил да бега со мотор на полицијата, уапсен 30 годишен скопјанец

Фрлил торба со марихуана во Вардар па продолжил да бега со мотор на полицијата, уапсен 30 годишен скопјанец

МВР информира дека вчера, во 11.35 часот, на бул. „Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при скопското СВР го лишиле од слобода Ф.И.(30) од с. Студеничани, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена торба со марихуана.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Лицето Ф.И. со мотоцикл не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, продолжил со движење и по кратко време го оставил мотоциклот и ја фрлил торбата во реката Вардар, по што продолжил да бега. Набргу бил фатен и приведен, а торбата била пронајдена, соопштуваат од МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.