HomeАктуелноГрадоначалникот на Градско ја разреши директорката на училиштето по случајот на булинг

Градоначалникот на Градско ја разреши директорката на училиштето по случајот на булинг

Градоначалникот на Општина Градско, Киро Нацков соопшти дека ја разрешил директорката на ООУ „Даме Груев“, каде што ученик подолго време бил жртва на врсничко насилство.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Нацков, исто така, апелираше сите засегнати институции да преземат одговорност.

Според него, иако е пријавено во МВР и Центарот за социјални работи, сепак се уште нема никаква реакција од нивна страна по однос на овој случај.

Апелирам до МВР, Центарот за социјални работи, Државниот инспекторат за образование и сите надлежни да го испитаат детално случајот и онаму каде треба да се помогне, а онаму каде треба да се сноси одговорност. Уште еднаш апелирам дека иднината на нашите ученици и деца е најважна и мораме да бидеме сите со високо ниво на свест. Ова не смее уште еднаш да се повтори, објави Нацков на својата Фејсбук страница.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.