HomeАктуелно(ГАЛЕРИЈА) Заврши традиционалниот вевчански карневал

(ГАЛЕРИЈА) Заврши традиционалниот вевчански карневал

Вевчани и вевчанци во духот на традицијата со и овогодинешниот Вевчански карневал.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Со традиционалното василичарско оро и палењето на маските заврши годинашното издание на Вевчански карневал.

Палењето на маските симболизира бркање на злото, а вевчанци веруваат дека прочистени ќе имаат среќна и бериќетна година.

Претходно зетот, невестата, ѓаволите и глупавите Августи заедно со останатите маскирани, ги посетуваат семејствата каде што има име Васил или  Василиј, а веќе уште утре почнуваат да планираат во што ќе се маскираат следната година.

Во фокусот на карневалот беа актуелните состојби во земјава и светот, но и силните пораки упатени кон политичарите и општеството.

Вевчанци 365 дена во годината живеат за Карневалот кој е доста привлечен како за бројните посетители така и за новинарите и фотографите од целиот свет.

УЖИВАЈТЕ во галеријата која ја подготви редакцијата на powerinfo.mk

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.