HomeАктуелноЛице од Кичево со автомобил удри во жена, со тешки повреди пренесена во болница

Лице од Кичево со автомобил удри во жена, со тешки повреди пренесена во болница

Шеесет и едногодишна жена доби тешки повреди кога лице од Кичево ја удрило на улицата Рудничка управувајќи автомобил.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На 25 јануари, во 18.10 часот, во Полициската станица Кичево било пријавено дека на улицата Рудничка во Кичево, патничко возило ‘опел’, со кичевски регистарски ознаки, управувано од А. А. (32) од Кичево, удрило во Л. К. (61) од Кичево. Во несреќата тешки телесни повреди добила Л. К., констатирани во Медицинскиот центар во Кичево, соопшти МВР.

Извршен бил увид од полициска екипа.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.