Бугарските државјани, од кој и пратеник од Бугарскотот собрание физички ги нападнаа полициските службеници и цариници кои беа на должност, се изведени пред Основниот Суд во Крива Паланка откако МВР официјално ја објави информацијата дека неколку бугарски државјани се приведени на македонско-бугарската граница.
Околу 12.45 часот на Граничниот премин Деве Баир дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на Г.З (35),А.Х(50)и Р.Х(54) бугарски државјани кои најпрво вербално, дрско и недолично со најпогрдни зборови се однесувале а потоа се обиделе и физички да ги нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства,при што се приведени и се работи на целосно расчистување на случајот, велат од МВР.
Имено, неколку полициски службеници кои беа нападнати се со тешки телесни повреди и се наоѓаат во болницата во Крива Паланка.
