Денеска (23.02.) од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога , оружје и опасни материи и сообраќајната полиција при ОВР Кавадарци на регионалниот пат Градско-Росоман запреле мотоцикл без регистарски таблички, управуван од
С.Д. (45) од Скопје, а сопатничка била М.Е. (48) од Скопје. При извршен преглед во ранец кај М.Е. бил пронајден автоматски пиштол шкорпион со една рамка.

Двете лица се лишени од слобода и ќе биде поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело по чл. 396 од КЗ, додаваат од МВР.
