HomeАктуелноШтетите од разорните земјотреси во Турција изнесуваат околу 80 милијарди долари, соопшти турскиот министер за земјоделство

Штетите од разорните земјотреси во Турција изнесуваат околу 80 милијарди долари, соопшти турскиот министер за земјоделство

Турскиот министер за земјоделство и шумарство Вахит Киришчи вчера изјави дека штетите од разорните земјотреси во Турција на 6 февруари досега се проценуваат на околу 80 милијарди долари, а извозното производство во погодените области е намалено за 40 отсто.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тоа што се случи е многу болно за нас. Штетите се проценуваат на 80 милијарди долари, а само државната Генерална дирекција за води претрпе штета од 22 милијарди лири (1,16 милијарди долари) како резултат на земјотресите, рече Киришчи, пренесува Милиет.

Тој, исто така, истакна дека разорните земјотреси предизвикаа пад на извозот од единаесетте окрузи во зоната на катастрофата од 2,947 милијарди долари на 1,783 милијарди долари.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.