На 20.03.2023 во 12.50 часот во СВР Охрид, пријавено e дека при изведување работни активности на брегот на Охридското езеро, кај населбата Пештани, била пронајдена неексплодирана артилериска граната калибар 100 мм. од непознато потекло.
Гранатата безбедно e подигната од претставник на Дирекцијата за заштита и спасување за натамошна постапка. Увид извршија полициски екипи, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Извор: СВР Охрид
