Висока корупција, недостиг на транспарентност во Владата и неефикасни судови – американскиот Стејт Департмент нотира сериозни критични забелешки во најновиот Извештај за Македонија.
Според Извештајот, македонската влада и покрај тоа што презела чекори за кривично гонење и казнување на функционери поврзани со корупција, сепак и понатаму постојат веродостојни извештаи за владина корупција
– Владата останува најголемиот работодавач во земјата, а невладините организации изјавија дека доминантната улога на владата во економијата создава можности за корупција. Јавните анкети постојано ја наведуваа корупцијата како една од главните грижи за граѓаните. – стои во изврштајот на Стејт Департментот.
Нотирано е дека Владата, не секогаш ја почитувала судската независност и непристрасност.
– Судиите намерно ги одложуваат судењата или апелационото разгледување за да овозможат застареност, особено во случаи од висок профил во кои се вклучени богати и влијателни бизнисмени или политичари; има судии за кои се смета дека соработуваат со бранителите за поткуп или тргување со влијание.
