HomeАктуелноАкциска контрола за санкционирање на возење под дејство на алкохол

Акциска контрола за санкционирање на возење под дејство на алкохол

Синоќа (25.03.2023) полициските службеници од СВР Куманово заедно со новинарите излегоа на терен при што новинарите имаа можност од близу да се запознаат со полициското работоње и начинот на преземање мерки од страна на полициските службеници од сообраќајната полиција. Сообраќајните контроли се преземаат пред се за да ја подигнеме свеста кај граѓаните и да се зголеми безбедноста во сообраќајот. Секој од нас треба да се однесува одговорно во делот на сообраќајот. СВР Куманово континуирано презема мерки и спроведува зајакнати акциски контроли за санкционирање на возила и возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Покрај дневните контроли за санкционирање возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, кои управуваат со возило под дејство на алкохол или оние кои непрописно престигнуваат, се врши и контрола со т.н. „ноќен радар“ за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. На подрачјето на Куманово од почеток на годината биле спроведени 82 акциски контроли, изречени се 3167 мерки за управување возила со брзина поголема од пропишаната и 309 мерки за возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.